Судот во Москва осуди членка на руската опозициска група „Пуси Рајот“ и поранешен општински советник Љушја Штејн на шест години затвор во отсуство – за антивоени објави на социјалните мрежи, соопшти судот, пренесува РТС.
Љушја Штајн, член на руската опозициска група „Пуси Рајот“ и поранешен општински советник, беше прогласена за виновна за ширење „лажни воени вести“ во врска со објава од март 2022 година на мрежата Х (Твитер).
Според соопштението, Штајн ги обвинила руските војници заробени од Украина за „бомбардирање на странски градови и убивање луѓе“, објави руската новинска агенција „Медиазоне“.
Од судот најавија дека Штајн ќе ја испратат на издржување на казната штом ќе биде екстрадирана во Русија.
Најмалку 19.855 луѓе се уапсени во Русија поради изразување антивоени ставови од почетокот на војната во Украина на 24 февруари 2022 година, според руската невладина организација за човекови права ОДФ.
Неколку недели по почетокот на војната, Штајн избегала од домашен притвор во Москва со нејзината партнерка и соработничка од „Пуси Рајот“ Марија Аљохина, по што го напуштиле градот маскирани како доставувачи на храна и стигнале до Литванија.
Двете добија исландско државјанство во мај 2023 година, каде што се населиле.