Чкембари: Не правете меѓуетнички тензии таму каде што ги нема – „Швеѓанецот“ што шеташе со маица со орел е длабока провокација кон сите нас

-„Швеѓанецот“ што шеташе со принт од орел преку цела маица е длабока провокација спрема сите нас на кои ни се свежи сеќавањата од пред 20-тина години. Да не се прајме будали, под тоа знаме се колени нашите битолски херои. Битолчани се горди луѓе. Секој кој не бара, знај кај сме, салата и стадионот се наш дом. Битола е наш дом, стои во објавата на најжестоките фанови на Пелистер.

Навивачката група „Чкембари“ се огласи во јавноста откако во СВР Битола беше пријавен инцидент од С.Х.Д. (32) од Шведска, кој моментално престојува во Дебар. Тој информирал дека на улицата „Широк сокак“ во Битола му пристапиле неколку непознати лица на возраст од околу 20 години и се обиделе да му ја соблечат маицата што ја носел.

Од навивачката група која го поддржува клубот Пелистер информираа дека „инцидентот нема меѓуетнички предзнак“.

„Не правете меѓуетнички тензии таму каде што ги нема, не креирајте меѓуетнички тензии таму каде што нема да можите да ги контролирате. Во Битола, „паѓале“ маици на сите оние кои ги иритирале битолчани и ќе „паѓаат“ и понатаму! Комити и балисти, шверцери и војводи, дебарчани, косовари и Грци, сите кои биле воочени си заминале без маици.

„Инцидентот“ нема меѓуетнички предзнак! „Швеѓанецот“ што шеташе со принт од орел преку цела маица е длабока провокација спрема сите нас на кои ни се свежи сеќавањата од пред 20-тина години. Да не се прајме будали, под тоа знаме се колени нашите БИТОЛСКИ ХЕРОИ. Битолчани се горди луѓе. Секој кој не бара, знај кај сме, салата и стадионот се наш дом. БИТОЛА Е НАШ ДОМ“, стои во објавата на најжестоките фанови на Пелистер.