Читаат, но не разбираат – пад на знаењето кај учениците
Сè поголем број на ученици во Македонија читаат, но не разбираат што прочитале. Истражувањата покажуваат загрижувачки резултати. Децата се потешко ги искажуваат своите мислења, не ги разбираат текстовите што ги читаат и имаат проблем да влезат во дискусија за нив. ИСППИ спроведе анализа на 1.288 деца од четврто и осмо одделение. Децата одговарале на 6 прашања за два раскази од кој еден со позната и еден со непозната содржина.

„Еве неколку заклучоци, генерално резултатите се слаби, и може да констатираме дека генерациски и натаму опаѓа квалитетот на образованието во основните училишта. Денешните деца од четврто одделение се многу послаби од овие од осмо одделение, но заклучокот е дека кога овие деца од четврто одделение ќе стигнат во осмо одделение ќе бидат уште послаби од сегашните осмоодделенци“, вели Петар Атанасов од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.
Оние деца кои помалку читаат книги, и не спортуваат, но затоа премногу време поминуваат на телефон, даваат значително полоши резултати од останатите.
„Во основните училишта во четврто, петто, шесто, седмо и осмо одделение треба да се работи на неколку техники, децата да слушаат, читаат, раскажуваат, да дебатираат и да научат да изградат свој личен став. Преку дијалог за решенија по било кој предмет и било која настава, да се изложуваат на различни текстови“, вели Петар Атанасов.
Професорите апелираат што побрзо да се преземат мерки. Иако наставните програми се добро оформени, недостасува подобра примена. Тие велат, наставниците да имаат поактивна улога, умерено да ја користат дигитализацијата и да се фокусираат на класичното воспитување со книги и текстови.