Чешки тинејџер го победи идолот Ѓоковиќ во финалето во Мајами

Јакуб Меншик (19) го победи својот идол и ментор Новак Ѓоковиќ (37) со 7:6(4), 7:6(3) во финалето на Мастерсот во Мајами. Со најголемиот успех во кариерата и првата победа на турнирот, чешкиот тинејџер го спречи Ѓоковиќ да го освои еден од најсилните турнири по рекорден седми пат, и 100-от турнир во кариерата.

Јакуб Меншик (19) го победи својот идол и ментор Новак Ѓоковиќ (37) со 7:6(4), 7:6(3) во финалето на Мастерсот во Мајами. Со најголемиот успех во кариерата и првата победа на турнирот, чешкиот тинејџер го спречи Ѓоковиќ да го освои еден од најсилните турнири по рекорден седми пат, и 100-от турнир во кариерата.

Финалето беше одложено за речиси шест часа поради обилните врнежи на Флорида. Ѓоковиќ имаше проблеми со окото, влажноста и лизгањето на теренот пред и за време на натпреварот, но Меншик со блескава игра ги потврди прогнозите дека му претстои голема иднина. Тој покажа одличен сервис од самиот почеток. Веднаш го скрши Ѓоковиќ и по само десет минути поведе со 3:0.

Српскиот тенисер мораше постојано да користи капки за очи, но потоа покажа дека не треба да се отпишува. При водство на Меншик со 4:2, ја искористи единствената брејк-топка, а потоа тргна во напад и израмни на 4:4. Сепак, откако направи повторен брејк, веќе не можеше да му се заканува на Меншик.

Ѓоковиќ цело време го „бркаше“ ривалот кој е двојно помлад од него, Момчето поведе со огромни 5:0 во тај-брејкот од првиот сет. Имајќи го тоа во предвид, како и фактот дека Меншик има одличен сервис, споменатата предност делуваше недостижна. Сепак, Ѓоковиќ се врати на 6:4, спаси две сет топки, но третата не можеше да ја спаси, па Меншик го зеде првиот сет.

Во вториот сет Ѓоковиќ се држеше, но се чинеше дека со сите сили се труди да го брка помладиот противник. Поради ова очигледно го губеше здивот, спасувајќи го мечот да заврши пред тај-брејкот во вториот сет. Пред решавачкиот гем едвај дишеше и долго лежеше на земја.

Во последните поени не можеше да држи чекор со Меншик, иако се трудеше максимално. Два пати враќаше со мини-брејк, но повеќе од тоа не можеше. Меншик бурно ја прослави првата титула во кариерата, додека Ѓоковиќ ќе ја чека стотата. Со овој триумф младиот Чех се искачи од 54. место на АТП-листата на 24. место.

Поврзани содржини