Четири лица загинаа во украинско гранатирање на село во регионот на Белгород

Четири лица загинаа во украинското гранатирање на селото Николское во руската област Белгород, која граничи со Украина, изјави денеска локалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Тој на својот „Телеграм“ канал објави дека жртвите се брачна двојка, 17-годишно момче и неговата баба, пренесе Ројтерс, наведувајќи дека нивната куќа била директно погодена од украинска граната.

Според Гладков, девојчето го преживеало падот на граната врз семејната куќа и било префрлено на одделението за интензивна нега.