Четири земјотреси ја погодија Хрватска за помалку од два часа

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска неколку минути по 7 часот, регистрира Сеизмолошкиот завод на Србија.

Ова е четврти земјотрес што од утрово е регистриран во Хрватска.

Околу 05:00 часот е регистриран земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, кој ги разбудил дури и граѓаните на Неум.

Потоа беа регистрирани уште два послаби земјотреси со јачина од 2,6 степени.

Според податоците на Сеизмолошкиот завод на Србија, земјотрес во текот на претпладнето е регистриран и во Црна Гора. Тој земјотрес бил со јачина од 2,2 степени.