Четворица малолетници се тешко повредени откако рано утринава со автомобил удриле метална канделабра, па во бетонска жардиниера на „Водњанска“ во Скопје.
Од МВР велат дека несреќата кај нив е пријавена утринава во 04.20 часот.
На крстосницата од бул.“Мајка Тереза“, со ул.“Тодор Александров“ и ул.“Белградска“ патничко моторно возило “форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“ и Комплексот клиники “Мајка Тереза“, велат од МВР.
Неофицијално, возачот имал 15 години.