Сараево го има првото место во светот по загаденост на воздухот, покажуваат податоците на веб-страницата IQAir, по мерењата во 10:33 часот.
На табелата во живо – индексот на загаденост на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е 190, додека Мумбај е втор со 181.
Скопје е на „солидното“ осмо место во светот, откако индексот на загаденост на воздухот е 161
Четири града од Балканот се утрово меѓу најзагадените во светот – Сараево, Загреб, Скопје и Приштина.