
Четири големи маркети и една од стопанските комори, во која истите се здружени, биле на удар на Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Во ненајавен увид, а поради сомневање дека неколку ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи го прекршиле член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата, кој забранува картели односно забранува договори и усогласено однесување на две или повеќе претпријатија, а се со цел нарушување на конкуренцијата.
„При контролата во службените простории на правните лица, извршен е увид во службената документација и направен е и увид во средствата за електронска комуникација при што се пронајдени докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање.
Контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забранета одлука односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна постапка“ велат од комисијата.
Од Комисијата за заштита на конкуренцијата велат дека интензивно вршат контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат свој удел во синџирот на снабдување со земјоделски и прехрамбени производи и ќе бидат преземени најригорозни мерки и санкции на секое нарушување на конкуренцијата на пазарот и нема да се дозволи никакво изигрување на законите на штета на граѓаните.