
Четиринаесет македонски државјани кои биле пријавени за евакуација вчера не се појавиле на организираниот лет од Дубаи, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
„14 лица вчера не се појавија на летот од Дубаи. Овие лица до последен момент барале евакуација. Контактиравме веднаш преку нашето дипломатско претставништво други граѓани, кои ги вративме, а беа на листата за чекање“, изјави Муцунски.
Тој посочи дека во повеќе земји од регионот се евидентирани македонски државјани кои побарале помош за евакуација.
Во Доха се регистрирани 162 лица, од кои 89 изразиле подготвеност да бидат евакуирани. Во Кувајт се пријавени 36 лица, во Бахреин 15, додека во Саудиска Арабија се пријавиле пет лица.
„За нив е предвиден организиран транспорт до Ријад како централна точка за собирање, по што во текот на неделата ќе има директен лет“, рече Муцунски.
Министерот додаде дека од Дубаи во текот на неделата се планирани уште два летa, со цел евакуацијата да се реализира во целост.
„Динамиката е јасна – до крајот на неделата да има извлекување на сите граѓани“, истакна Муцунски.