Четврт ден протести пред Владата

Дождот не ги спречи неколку стотината граѓани и денеска, четврти ден по ред, да ги продолжат протестите пред владата против францускиот предлог. Сепак, вечерва, протестот не е толку масовен како претходните два дена.

Четврт ден демонстрантите протестираат пред Владата против францускиот предлог. Пред владата неколкумина фрлија петарди кон полицијата, а потоа се упатија кон Собранието.

На протестот, граѓаните бараат да не се потпише францускиот предлог, затоа што, како што велат, тој е штетен за националните интереси, а се бараат и оставки од властите и предвремени парламентарни избори.