Нова точка на истекување од подводниот гасовод Северен тек откри Шведска, четврта оваа недела. Претходно Шведска и Данска соопштија дека откриле истекување на на три места од двата гасоводи Северен тек 1 и 2, зголемувајќи ги сомнежите дека не станува збор за случајни дефекти. Европската унија обвини за саботажа, но не го впери прстот директно во Русија.
Русија од своја страна, обвинувањата дека намерно ги оштетила сопствените гасоводи, ги отфрли како очекувани и глупави. Руското Министерство за надворешни работи пак соопшти дека експлозиите се случиле во област контролирана од американското разузнавање.
Истекувањата од гасоводот „Северен тек“, кој испумпува огромни количини на природен гас на дното на Балтичкото Море, емитува загадување еднакво на една третина од вкупните годишни емисии на стакленични гасови на Данска.