Четворица мртви во напад на украинските сили на Белгород

Четири лица се убиени, а над 20 ранети во украински напад на руската област Белгород во раните утрински часови на 9 јули, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Исто така, регионалниот гувернер на Ростов, Васил Голубев, рече дека Украина извршила „масовен напад со беспилотни летала“ низ целиот регион во текот на ноќта.

Руското министерство за одбрана подоцна објави дека вкупно 38 беспилотни летала во пет региони биле пресретнати рано утрото на 9 јули.

Украинското гранатирање на Белгород следува по вчерашниот воздушен напад на Киев, во кој загинаа над 40 лица, а 160 беа повредени.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски нападот го оцени како „брутален“, а за рускиот претседател Владимир Путин го нарече „крвожеден криминалец“.

Според Зеленски Русија вчера истрелала повеќе од 40 проектили, оштетувајќи речиси 100 згради во Киев, Дњепар, Криви Рих, Славјанск и Краматорск.