Во пожар, кој избувнал во раните утрински часови, во населбата под ридот Волујица во црногорскиот град Бар, се загинати четири лица.
Како што пренесуваат црногорските медиуми, тројца од загинатите се малолетници.
„Во 04:35 часот припадниците на Службата за заштита и спасување ги известиле дежурните во Одделението за обезбедување на Бар дека има пожар во монтажните бараки под Волујица. Пожарот зафатил неколку објекти. На местото на настанот пристигна екипа пожарникари од Бар со неколку возила, а при акцијата за гаснење се пронајдени четири неидентификувани тела“ – изјавиле од полицијата за Радио Бар и Бар Инфо, пренесува црногорскиот „Вијести“.
Според информациите, екипите сè уште се на терен.