Честитка и од Шолц: Ќе бидеме покрај вас низ целиот пат!

Канцеларот на Германија, Олаф Шолц го поздрави гласањето на македонското Собрание за заклучоците и истакна дека ќе биде со Северна Македонија низ целиот пат.

„Го поздравувам гласањето на македонскиот парламент кој го отвора патот за првите пристапни конференции на Европската унија со Северна Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас низ целиот пат!“ – напиша канцеларот Шолц на Твитер.