Челси го отпушти Тухел по поразот од Динамо Загреб
Томас Тухел повеќе не е менаџер на Челси, соопшти лондонскиот клуб.
„Сините“ ја започнаа сезоната нешто послабо, освоија 10 бода во првите шест кола од Премиер лигата, а капката што ја прели чашата беше поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампионите.
Германскиот стручњак го водеше Челси од 26 јануари 2021 година и со тој тим ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство на ФИФА и Суперкупот на Европа.
„Новата сопственичка структура пополнува 100 дена од преземањето на клубот и новите сопственици веруваат дека е вистинско време за транзиција“ – се вели на клупската веб-страница.
Стручниот штаб ќе го води тимот на следните натпревари, додека не се најде трајно решение.
Тренерската кариера Тухел ја започна во Аугсбург II во 2007 година, потоа раководеше со Мајнц од 2009 до 2014 година, потоа две сезони беше на клупата на Дортмунд, а пред да дојде во Челзи беше тренер на Пари Сен Жермен во периодот од 2018 до 2020 година.
Chelsea Football Club part company with Thomas Tuchel.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 7, 2022