Повеќе од две третини од 17 препораки од Оценската мисија кои беа упатени на адреса на Судскиот совет се спроведени, информираше денеска Тања Чачарова-Илиевска член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
-Значи преку два инструменти, кои ги користиме како Судски совет за спроведување на препораките успеавме да ги реализираме скоро сите препораки, единствено се закочивме таму, каде што имаше законски пречки да се продолжи со работата, вели Чачарова-Илиевска.
Прашана кои беа законските пречки за спроведување на останатите препораки за Судскиот совет, Чачарова-Илиевска вели дека за овие препораки кочничар беа изборите, односно Изборниот законик, но и нивното спроведување е во тек.
-За убразување на процесите за оценување, за избор, дисциплинските постапки и тие моравме да ги прекиниме, ги ставивме во мирување поради пречки во членот 8 А од Изборниот законик и чекавме до избор на Влада, изјави Чачарова-Илиевска.
Таа додава дека овие постапки се веќе во тек и на првите наредни седници на Судскиот совет ќе продолжат со работа, бидејќи какошто вели имало фази кои морале да ги завршат по изборниот процес.