Британскиот крал Чарлс Трети денеска беше пред Бакингемската палата во ненајавена прошетка за да ги поздрави граѓаните кои го чекаат неговото утрешно крунисување, со кое и официјално ќе стапи на престолот.
Кралот (74) во сино одело, беше пред палатата заедно со својот најстар син Вилијам и неговата сопруга Кејт, кои се сликаа и се ракува со граѓаните.
Кралицата – придружничка Камила не беше излезена на прошетка која траеше дваесетина минути.
Најголемите обожаватели на монархијата понекогаш кампуваат со денови на авенијата што води до Бакингемската палата за да присуствуваат на кралскиот настан, а сега, со неколку стотици шатори, за да бидат утре во првиот ред кога кралот со кочија ќе тргне кон Вестминстерската опатија за неговото крунисување.
Некои граѓани, гледајќи го кралското семејство, запеаја „God Save the King“ („Боже чувај го кралот“).
Граѓаните веќе се празнично расположени пред Бакингемската палата, под љубопитниот поглед на туристите.
Многу граѓани се во костими, некои со пластични круни – сувернири и со британски знамиња преку рамениците, држејќи портрети на Чарлс Трети.