Во Палатата „Св. Џејмс“, Чарлс III и официјално беше прогласен за нов британски монарх. Тој својот говор го започна со формалното соопштување за смртта на неговата мајка, поранешната кралица Елизабета.
„Знам колку длабоко нацијата но и светот сочувствува со мене во оваа незаменлива загуба која ние ја доживуваме“, кажа кралот Чарлс.
Тој кажа дека неговата мајка служела како пример за љубов и несебично служење на својот народ но и на светот. Вели, Елизабета владееше праведно со нејзината долготрајност, посветеност и иако сега жалат, благодарни се за нејзиниот живот.
„Преземајќи ги овие одговорности, ќе го следам примерот на Владата барајќи мир, хармонија и просперитет за луѓето од овие острови, како и за луѓето од Комонвелтот. За оваа цел, знам дека ќе ми биде потребна лојалноста на луѓето чиј Крал сум јас“, кажа Чарлс III
Кралот Чарлс III потпиша две копии од заклетвата која ја положи пред сведоците – Принцот Вилијам и кралицата придружник Камила. Новиот монарх се заколна дека ќе ги заштити правата на црквата во Шкотска како што налага британскиот закон.
Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери.