Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денеска во своето обраќање во рамки на самитот на Отворен Балкан во Белград рече дека војната во Украина покажало колку државите, но и цела Европа може да бидат ранливи при такви конфликти и ја потенцираше важноста од формирањето на Иницијативата Отворен Балкан.
„Иницијативата Отворен Балкан ја гледаме како мост помеѓу Балканот и ЕУ. Во минатото проширувањето беше една од најуспешните политики на ЕУ, но ЕУ почна да гледа навнатре и тесните политички надвладеаја над проширувањето. Никој не може убаво да објасни зошто Албанија и С Македонија чекаа толку долго. Им честитаме и на двете земји. Драматично е што војната во Европа нѐ потсети на важноста од проширувањето“ – рече Чавушоглу.