Лидерот на германската Бундеслига, Баер од Леверкузен се непоразени на 38 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања. Пред почетокот на оваа рунда, избраниците на Чаби Алонсо имаат значајна предност од 10 бодови на врвот на табелата пред Баерн Минхен, кој денеска се очекува да го одигра „Дер класикер“ против Борусија Дортмунд.
Пред репрезентативната пауза, Баер го совлада Фрајбург на гостински терен со 3:2, полесно отколку што сугерираше резултатот. Таа победа беше 22-та во сезоната, а избраниците на Чаби Алонсо го урнаа клупскиот рекорд по број на победи во една сезона, иако има уште осум кола до крајот. Не е невозможно да го срушат рекордот на Баерн Минхен од 28 натпревари на стартот од Бундеслигата.
Само Баерн освои 90 или повеќе бодови во сезоните 2012/13 (тренерот Јуп Хејнкес) и 13/14 (Пеп Гвардиола), а тоа може да го надмине Баер на Алонсо доколку оствари седум победи и нерешено или сите осум победи во следните осум рунди.
Претходно лесно го совладаа Волфсбург со 2:0, а најблиску до првиот пораз сезонава беа на средината на таа недела, кога за малку беа елиминирани од Лига Европа од сензационалниот Карабаг.
По 2:2 во Азербејџан, избраниците на Гурбан Гурбанов имаа 2:0 на „Бај арена“, но на крајот се стигна до конечните 2:2.
Ќе биде интересно против Вест Хем и во евентуалното полуфинале против Рома или Милан, но приоритет на „фармацевтите“ е конечно симнување на прекарот „Неверкузен“, односно освојување на првата „салатара“ во историјата.
Баерн сигурно нема да се откаже се додека има теоретски шанси да ја одбрани титулата и Леверкузен е свесен за тоа.