
ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници.
Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници.
– Потсетуваме дека луѓето што живеат на повисоките места навремено да се снабдат со основни производи (храна и лекови) и се препорачува внимателно движење на пешаците бидејќи е можна појава на голомразица – велат од ЦУК.
Во случај на опасност или потреба граѓаните да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици 112.
Од ЦУК информираат за состојбата со снегот на ниво на целата држава.
Скопски Регион
Поради мраз и снег на коловозите во град Скопје, зимската служба е ангажирана со целосна механизација и континуирано врши чистење и посолување на сообраќајниците.
Во општина Ѓорче Петров е забележан застој во сообраќајот поради тестирање на системот „Сејф сити“.
Во општина Бутел, кај кружниот тек, е блокирана улица поради застаната цистерна. За состојбата се известени Град Скопје и Полициската станица Бутел.
Автобускиот јавен превоз моментално не сообраќа до крајните автобуски линии. Општинските зимски служби интензивно работат на нормализирање на состојбата.
Битолски Регион
ЈП „Македонијапат“ врши расчистување на приоритетните патни правци по што ќе следува интервенција и на другите патишта.
Во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени нема пријавени вонредни настани.
Велешки Регион
Во општините Свети Николе и Лозово сите патни правци се проодни во зимски услови.
Во општина Чашка машините се на терен, но на патниот правец Велес – Чашка сообраќајот се одвива отежнато.
Патиштата во Неготино и Демир Капија се проодни, при што се врши континуирано посолување.
Патниот правец кон село Раштани (општина Велес) е непрооден.
Во Кавадарци и Росоман се врши интензивно посолување и расчистување, а сите патни правци се проодни во зимски услови.
Кумановски Регион
Сите патни правци се проодни во зимски услови, а се врши расчистување и опесочување.
Во Куманово дел од улиците се тешко проодни.
На ГП Табановце има заглавени товарни возила поради нерасчистен пат.
Во општина Ранковце регионалниот пат кон село Герман е делумно непрооден поради висина на снегот.
Во Крива Паланка, Кратово и во Липково патните правци се проодни, а комуналните служби се на терен.
Полошки Регион (Тетово, Гостивар)
Сите патни правци се проодни во зимски услови.
Во општина Желино, поради дефект, во текот на вчерашниот ден имало прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Во Маврово и Ростуше снежната покривка изнесува 10-ина см, а воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар и Гостивар – Стража.
Источен и Југоисточен Регион
Во регионите Штип и Струмица сообраќајот се одвива непречено во зимски услови, без прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Југозападен Регион
Во Охрид, Струга, Дебар, Центар Жупа и во Кичево сите патни правци се проодни. Во Кичево има снежна покривка до 10 см и се врши расчистување и опесочување.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила е воведена на планинските превои Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан.
На патниот правец Демир Капија – Смоквица сообраќајот за тешки товарни возила е пренасочен по стариот пат во двата правци.
Од 9.16 ч сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес – Скопје, ќе биде затворен поради расчистување на снегот за сите видови возила.