ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

„Ве известуваме дека на територијата на цела држава е прогласена кризна состојба за полесно справување со шумските пожари. Воедно ве известуваме и дека во сила е забрана за движење во шумите“, стои во пораката со потпис ЦУК. 

СМС пораки стигнуваат до жителите во нашата држава, два дена по донесувањето на одлуката на Владата за прогласување кризна состојба поради пожарите.

„Ве известуваме дека на територијата на цела држава е прогласена кризна состојба за полесно справување со шумските пожари. Воедно ве известуваме и дека во сила е забрана за движење во шумите“, стои во пораката со потпис ЦУК.

Пораката е на македонски јазик со латинична поддршка.