ЦУК: Пожарот кај Оризари изгасен, а кај Грнчиште ставен под контрола, нема опасност од проширување кон населби

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот којшто гореше речиси цели два дена во пределот кај с.Оризари во Општина Велес е целосно изгасен, додека пожарот во с. Грнчиште во Општина Градско е ставен под контрола и нема опасност од проширување.

– Пожарот којшто гореше речиси цели два дена во пределот кај с.Оризари во Општина Велес е целосно изгасен. Пожарите кај селата Црквино и Грнчиште, поточно пожарот кој започна кај с.Црквино, од Општина Велес и се префрли кон с.Грнчиште, во Општина Градско е ставен под контрола, нема опасност од проширување и загрозување на населби и објекти., соопштуваат од ЦУК.

Попладнево ЦУК информираше дека во справувањето со пожарот кој горел во близина на куќите во селото, учествувале тројца пожарникари со едно ПП возило од Велес и мештаните кои самоорганизирано на терен помагале во справувањето.