На Eдинствениот број за итни случаи 112, во 20:30 часот, добиена е пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ број 12, поради јак ветер што претставува опасност и загрозување на безбедноста, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи по невремето што го погоди главниот град на државата.
– Пријавителите во моментот го држат на нивната балконска тараса за да не падне и направи штета. РЦУК – Скопје контактирал со пријавителите, испратено е известување и до ЕЛС Аеродром, појаснуваат од ЦУК.
Невреме со дожд, град и грмотевици вечерва го погодија скопскиот и тетовскиот регион.