Како засилување на силите кои гаснат од земја, еден армиски хликопетер започна со дејство врз пожарот на планината Серта додека полицискиот хеликоптер се подготвува да полета. Два ер трактори кон Серта ќе полетаат во 10 часот, објави Центарот за управување со кризи.
„Апелираме до месното население за поголема ажурност , следење на упатствата и насоките од страна на МВР, да нема поголеми движења кон критичните места. Исто така, побарана е повторно до ЦУК и до ДЗС воздухопловна подршка за да би можело да се изврши побрзо локализирање на пожарите“, информираа од Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа.
Ова општинско тело формирано откако избувна големиот пожар, синоќа одржа состанок, а членовите на штабот биле запознати со состојбите на терен од страна на претставници на ЦУК, ДЗС, МВР. Пожарот во неготинско избувна во средата околу 10:30 часот.
Се најавува дека денеска повторно ќе се гасне од земја и од воздух.