ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод.

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод.

Во општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во општина Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане е опожарена нискостеблеста шума, во општина Студеничани, поточно кај селото Дречавица има шумски пожар во планина, а во општина Македонски Брод кај село Грешница гори деградирана нискостеблеста шума.

Под контрола се пожарите во општина Долнени, кај село Стровија, зад место викано Гајдарец – Клепало каде е опожарена нискостеблеста шума и во општина Желино, кај село Церово, каде гори мешана шума.

Според информациите на ЦУК, изминатото деноноќие имало вкупно 23 пожари од кои 17 се изгаснати.