
На 20.08.2025 година, до 18:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои активни се 4 пожари, 1 под контрола и изгаснати биле 8 пожари, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума); Општина Маврово и Ростуше: с.Церово (нискостеблеста дабова шума и сеча); Општина Гостивар: Неготинска петља кон атарот на село Чегране(ниска вегетација) и Општина Крушево: с.Светомитрани (ниска вегетација, грмушки, ниска вегетација).
Под контрола е пожарот во Општина Прилеп: с.Беловодица место викано Ливада (букова шума), информираат од ЦУК.