Црногорската полиција интервенираше во Зета, приведен градоначалникот Асановиќ
Црногорската полиција утрово интервенираше во местото Ботун, општина Зета, каде што локалните жители се обидоа да го спречат почетокот на изградбата на централната пречистителна станица за отпадни води. Меѓу приведените е и градоначалникот на Зета, Михаил Асановиќ.

Проектот, кој е клучен за заштитата на реката Морача и Скадарското Езеро, се соочува со силен отпор од локалната заедница предводена од Милан Кнежевиќ, лидер на Демократската народна партија. Кнежевиќ, кој е пратеник, пружи пасивен отпор на полициското приведување и најави дека неговата партија ќе излезе од владејачката коалиција поради полициската репресија.
Овој инфраструктурен проект е дел од преговарачкото поглавје 27 со ЕУ и е поддржан со грант од Унијата и кредит од германската развојна банка КфВ (KfW). Секое одложување на работите носи ризик од губење на европските средства и забавување на интегративниот процес на Црна Гора, посочува РТЦГ.