Црна Гора прогласи уште 6 руски дипломати за „персона нон грата“

Министерството за надворешни работи прогласи за „персона нон грата“ шестмина дипломати на Амбасадата на Руската Федерација акредитирани во Црна Гора.

Од тој ресор на Твитер изјавија дека одлуката е донесена поради активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и односи на взаемно почитување и почитување меѓу двете земји, пренесува Вијести.

Во март, април и август годинава, Министерството прогласи вкупно шест руски дипломати за непожелни во Црна Гора.