Црна Гора денеска го слави Денот на независноста и 18 години откако на референдум ја врати државната независност.
На 2 март, на предлог на тогашниот претседател Филип Вујановиќ, Собранието на Црна Гора одлучи референдумот за државно-правниот статус да се одржи на 21 мај.
Референдумското прашање гласеше: „Дали сакате Република Црна Гора да биде независна држава со целосен меѓународен правен субјективитет“.
Независноста на државата тогаш ја поддржаа 230.661, или 55,5 отсто од граѓаните на Црна Гора кои излегоа на референдумот.
За останување во заедничка држава со Србија гласале 185.002 или 44,5 отсто.
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, по повод Денот на независноста, приреди прием во Вила Горица.
„Ќе останам посветен на напредокот на Црна Гора секој ден од мојот мандат и од мојот живот. „Убедени дека за Црна Гора допрва доаѓаат најдобрите времиња, а Црна Гора за да биде вечна мора да биде одлична“ – рече премиерот.