Црна Гора го чествува Денот на државноста
Денес, Црна Гора го прославува Денот на државноста, во спомен на 13 јули 1878 година, кога на Берлинскиот конгрес беше призната како независна земја, како и на истиот датум во 1941 година, кога народот на Црна Гора започна бунт против фашизмот.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека 13 јули е симбол на државноста и порака дека пред силата на неправдата и мрачните идеологии никогаш не треба да се попушта.
Тој, на свечениот прием по повод 13 јули – Денот на државноста на Црна Гора, организиран во резиденцијата на Цетиње, рече дека се чествува ден кога, во две различни епохи, биле испишани најсветлите поглавја од црногорската историја.
“За Црна Гора овој датум не е празник, туку ден кога во темелите на нашето општество ги вградивме највозвишените вредности на слободата, честа и достоинството. Тринаесетти јули е симбол на државноста и порака дека пред силата на неправдата и мрачните идеологии никогаш не попуштаме”, истакна Милатовиќ.
Тој изјави дека „од пламенот на 13 јули е родена светлината на слободата која и денес го осветлува патот на Црна Гора“.
“Денес се бориме да живееме во уредена држава со силни институции и јасни правила кои важат подеднакво за сите. Се бориме работата да има вредност, знаењето и трудот да се ценат, никој да не е над законот”, наведе Милатовиќ.