Горивото во Црна Гора ќе поевтини за над 20 центи за еден литар, а привремено ќе се укине или ќе се намали данокот на додадена вредност на основните прехранбени производи, откако синоќа Собранието ги донесе измените на законот.
Измените на Законот за акцизи и на Законот за данокот на додадена вредност ги подготви претходната Влада, а новата остана со речиси истите предлог решенија.
Предвидено е намалување на акцизите на горивото до 50 отсто, времено укинување на ДДВ за брашно и масло за јадење, а ДДВ-то за сол се намалува на седум отсто.
Најави дека акцизите на горивата засега ќе се намалат за 40 отсто, што по сегашните цени би значело намалување на цената на дизелот за 21,3 центи и на бензините за 26,6 центи.
Новите цени на горивата се очекуваат в понеделник или вторник.
Собранието одлучи од 1. јуни да поскапи цената на кутија цигари за околу 10 центи.