„Нов Зеланд преминува во црвено, највисоко ниво на тревога поради откривањето на 12 случаи на зараза со омикрон во земјата“. Ова го соопшти премиерката Џасинда Ардерн.
„Знаеме дека зараза со омикрон веќе се појави и на Северните и на Јужните Острови и оти се пријавени неколку инфекции на неколку места, рече Ардерн.Нашата стратегија е да го забавиме ширењето на сојот Омикрон и вклучува мерки како што се употреба на маски и ограничување на бројот на учесници на сите видови настани, што исто така ќе го намали товарот врз нашиот здравствен систем. Ќе продолжиме брзо да ги тестираме луѓето, да ги следиме нивните контакти и да ги изолираме“ рече Ардерн.
Таа ги повика жителите на земјата што поскоро да примат бустер вакцина, доколку поминале најмалку четири месеци од примањето на втората доза од вакцината.
„Треба да ги искористиме следните недели пред значително да се прошири вирусот за да им помогнеме на што е можно повеќе луѓе да добијат бустер доза. Местата за вакцинација денеска се отворени низ целата земја и ќе го зголемиме капацитетот во текот на целата недела“ – рече Ардерн.