Либерално-демократската партија соопшти дека вечерва ќе се одржи седница на Централниот одбор.
„Како одговорна партија, ЛДП, веднаш по конечното завршување на парламентарните избори ќе го разгледува предлог извештајот за подготовките, настапот и резултатите на Либерално-демкратската партија за претседателските и за парламентарните избори 2024 година“, соопштија оттаму.
Анализата за натамошното дејствување ќе ја прават членовите и партиското раководство во сите општински организации во наредниот период.
За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.