Цивили се враќаат во јужен Либан по стапувањето на примирјето меѓу Израел и Хезболах

По почетокот на примирјето во 4 часот наутро по локално време, израелската војска ги предупреди цивилите да не се враќаат во своите домови во јужен Либан и да се држат настрана од израелските позиции. Сепак, конвои со цивили се движат кон јужен Либан, игнорирајќи ги предупредувањата.

Примирјето меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран, денеска стапи во сила во јужен Либан, по речиси 14 месеци борби кои предизвикаа загриженост за поширок конфликт во регионот.

По почетокот на примирјето во 4 часот наутро по локално време, израелската војска ги предупреди цивилите да не се враќаат во своите домови во јужен Либан и да се држат настрана од израелските позиции. Сепак, конвои со цивили се движат кон јужен Либан, игнорирајќи ги предупредувањата.

Хезболах, движење кое САД го сметаат за терористичка организација, истрела ракети врз северниот израелски град Евен Меначем непосредно пред примирјето, тврдејќи дека акцијата е поддршка за Палестинците во Газа.

Израелската војска објави дека ќе остане распоредена во јужен Либан до целосно завршување на повлекувањето.

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри планот за прекин на борбите во траење од 60 дена, со што Израел треба да ги повлече своите трупи од јужен Либан. Истовремено, борците на Хезболах ќе се повлечат северно од реката Литани, според Резолуцијата 1701 на ОН.

Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави примирјето како можност за стабилизација на Либан, но потенцираше дека овој договор не значи дека конфликтот во Газа може да се заборави.