Над 100 цивили кои беа евакуирани од пристанишниот украински град Мариупол се очекува денеска да пристигнат во југоисточниот град Запорожје – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Сепак, стотици се уште остануваат во бункери под фабриката за челик „Азовстал“.
Зеленски со порака на Твитер ја поздрави успешната евакуација.
„Благодарност на нашиот тим! Сега тие заедно со Обединетите нации работат на евакуација на други цивили од централата“ – рече Зеленски.
Претставникот на украинската Национална гарда – Денис Шлеха вчера изјави дека се потребни уште најмалку два напора за евакуација за да се евакуираат сите цивили од „Азовстал“.
„Неколку десетици мали деца сè уште се во бункерите под фабриката“ – вели Шлеха.