ЦИА: Украина не ја таргетирала резиденцијата на Путин

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) процени дека Украина не ја таргетирала резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во неодамнешниот напад со беспилотно летало, и покрај тврдењата што самиот Путин му ги упатил на американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор.

Проценката, за која директорот на ЦИА Џон Ратклиф го информирал Трамп, го поткопува наративот на Кремљ, објави Си-ен-ен.

Во понеделникот, Русија јавно ја обвини Украина за обид за напад врз домот на Путин, а Трамп им потврди на новинарите дека Путин лично му го кажал тоа.

Претседателот тогаш рече дека наводниот напад го вознемирил, велејќи дека не му се допаѓа и не се чувствува добро, опишувајќи се себеси како многу лут.

Иако призна дека е можно обвинувањето да е лажно, додаде: „Но, претседателот Путин ми кажа утрово дека е така“.

Сепак, по брифингот на директорот на ЦИА, Трамп се чини дека зазеде поскептичен став.

Во средата, тој сподели линк до уреднички текст на „Њујорк пост“ на социјалната мрежа Трут сошал, насловен: „Офанзивната тирада на Путин покажува дека Русија стои на патот на мирот“.