ЦИА декласифицираше документи: Ковид-19 најверојатно е создаден во лабораторија

Во извештајот на ЦИА објавен вчера, како што пренесуваат американските медиуми, се наведува дека е „поверојатно“ вирусот да „излегол“ од лабораторија при некое истражување, отколку да се пренел од животни на луѓе.

Според најновата проценка на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), вирусот Ковид-19 е најверојатно создаден во лабораторија, во Кина.

Во извештајот на ЦИА објавен вчера, како што пренесуваат американските медиуми, се наведува дека е „поверојатно“ вирусот да „излегол“ од лабораторија при некое истражување, отколку да се пренел од животни на луѓе.

Агенцијата истовремено предупреди дека за ова тврдење има „низок степен на доверба“.

Кинеските власти ги отфрлија овие информации како непродуктивни и политички мотивирани

Оваа проценка на ЦИА не се заснова на нови разузнавачки информации, туку датира од времето на претходната администрација на Доналд Трамп, кој пред неколку дена повторно стана претседател на САД.

Потеклото на вирусот сè уште е непознато, но повеќе научници сметаат дека се пренесувал помеѓу лилјаци, како и други коронавируси, пред да зарази друг вид на животни, од кои подоцна се заразиле и луѓе.

Одговор за потеклото на вирусот не даде ни истражувањето на Светската здравствена организација (СЗО), според која подеднакви се шансите вирусот да бил вештачки создаден и пренесен од природата.