Цеца исвиркана од публиката во Велес откако на концерт го подигна бугарското знаме

За време на концертот во Велес пејачката во еден момент го подигна националното знаме на Бугарија и го наметна на себе, што предизвика бурни реакции од публиката. Во прв момент пејачката изгледа збунето поради добиените свирежи и довикувања од присутните, а потоа се обидува да ја смири ситуацијата, по што го подигнува македонското знаме.

Концертот на српската фолк пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца, одржан вчеравечер во Спортскиот центар „Гемиџии“ во Велес заврши со бурни реакции од публиката, откако пејачката во еден момент додека е на бината го подигна националното знаме на Бугарија и го наметна на себе.

Потегот предизвика бурни реакции од публиката која веднаш почна да ја исврикува пејачката.

Во тој момент до неа се приближува еден од присутните на бината, најверојатно нејзин соработник, и ѝ сугерира да го тргне знамето. Според видеата објавени на социјалните мрежи, пејачката во прв момент изгледа збунето, а подоцна се обидува да ја смири публиката. По инцидентот, таа на бината го подигна македонското знаме.