Со 106 гласа „за“ 1 „против“ и 1 „воздржан“ Централното собрание на Алијанса за Албанците – таборот на Села, покрена иницијатива за разрешување на претседателот на партијата, Арбен Таравари. Причината за тоа, како што објасни, претседателот на Собранието, Зијадин Села е кршењето на Статутот на партијата од страна на Таравари. Села истакна дека и Таравари бил поканет на седницата на Централното собрание, го чекале да дојде, но тој не се појавил.
Судот ќе одлучи кој ќе ја води Алијанса на Албанците, денска на централното собрание свикано од Села половина од луѓето не беа делегати. Не сакам да коментирам она што денска се случуваше, партијата ја прават луѓето и идеологијата – изјави Таравари
Запрашан за евентуалното враќање на чело на партијата, Села вели дека тоа не е негова лична желба и дека за тоа ќе одлучи Конгресот на партијата.
А во моментот кога Собранието ја изгласа иницијативата за разрешување на Таравари, тој излезе со статус на својот Фејсбук профил. Напиша дека ова е обид на ДУИ за дефокусирање во однос на тоа „чија е партијата“. Од денеска, порача, секој што има поплаки, да се обрати на Суд.
„Би било пожелно да не ни се повтори денешната ситуација кога претседателот на партијата не дојде на Собранието. Би било пожелно да дојде на Конгресот и таму да се решат овие прашања и да нема потреба да одиме на Суд“, вели Зијадин Села.
Во однос на статусот на Таравари, Села рече дека претседателот на партијата треба да дојде на заседавањето на Конгресот, со цел сите проблеми да се решат мирно и легално.
„Обидите на ДУИ и сценаристот Груби да нѐ дефокусираат околу тоа наводно „чија е партијата“ се неуспешни. Од денес повеќе не се занимаваме со ова. Секој што има поплаки нека се обрати до Суд“, вели Арбен Таравари.