Централната банка на Бразил сака да го регулира бизнисот со криптовалути до крајот на годината
Бразилската централна банка денеска објави дека одлучила да го подели во фази процесот на регулирање на давателите на услуги за криптовалути и виртуелни средства, а предлозите за решенија се очекуваат до крајот на оваа година.
Одлуката всушност го одложува завршувањето на процесот по усвојувањето на законот за оваа тема во 2022 година, што го отвори патот за последователна регулација во режија на централната банка, објави Ројтерс.
Агенцијата забележува дека на дебата во бразилскиот конгрес минатата година, директорот за регулација на банката, Отавио Дамасо, најави дека регулацијата ќе биде направена до јуни 2024 година.