Цените на златото достигнаа нов рекорд – една златна прачка сега вреди повеќе од милион долари

Цените на златото денеска достигнаа ново највисоко ниво на сите времиња, така што една стандардна прачка сега вреди повеќе од еден милион долари.

Златото беше продадено наутро за рекордни 2.513,79 долари за унца, пишува Гардијан.

„Неодамнешниот бум на побарувачката за злато може да се припише на растечките очекувања дека американската централна банка, ФЕД, ќе ги намали каматните стапки во наредните месеци“, рече Мет Брицман, висок аналитичар на капитал во „Харгрејвс Лансдаун“.