Цената на становите продолжува да расте
Цените на недвижнините продолжуваат да растат и во третиот квартал иако забави темпото на поскапување, пишува „Фокус“.
Како што се наведува во текстот, последните податоци на Народната банка откриваат дека во третиот квартал има пораст од осум проценти на цените за метар квадратен и тоа е малку помало поскапување во споредба со вториот квартал кога цените пораснаа за 11 проценти.
Побарувачката на станови посебно во централните градски населби во Скопје, но и во останатите поголеми градови во Македонија како Битола, Велес, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица не стивнува и според познавачите на градежниот сектор, цените ќе останат вакви какви што се, со евентуална можност да бидат стабилизирани на ова ниво во текот на цела 2025 година.
Извор: Фокус