
Цената на парното во Скопје, засега, останува иста, се чека процената на топланите
„Оваа одлука ја донесовме поради тоа што РКЕ во изминатиот период ги анализираше барањата за цени на петте претпријатија кои што ги доставија. Имајќи предвид дека имаме основни средства за производство на топлинска енергија кои што се во сопственост на една компанија и се дадени под закуп на ‘ЕСМ производство за топлинска енергија’, во овој период ја очекуваме процената на овие основни средства која што ја изготвува Бирото за процена“, истакна денес на прес конференција, првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.
Скопјани, за сега, куртулија од евентуално поскапување на парното греење, откако денес Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која што го продолжи важењето на постоечките цени на топлинска енергија на трите системи во градот Скопје. Сепак, конечната одлука за цената на парното за наредната сезона ќе биде донесена кон крајот на септември или во октомври, откако РКЕ ќе ги добие извештаите за направената процена на основните средства за производство на топлинска енергија, кои што ги прави Бирото за процена.
„Оваа одлука ја донесовме поради тоа што РКЕ во изминатиот период ги анализираше барањата за цени на петте претпријатија кои што ги доставија. Имајќи предвид дека имаме основни средства за производство на топлинска енергија кои што се во сопственост на една компанија и се дадени под закуп на ‘ЕСМ производство за топлинска енергија’, во овој период ја очекуваме процената на овие основни средства која што ја изготвува Бирото за процена“, истакна денес на прес конференција, првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.
Тој посочи дека РКЕ е во постојана комуникација со Бирото додавајќи дека од оваа институција „даваат сѐ од себе да ја завршат процената на основните средства кои што се користат за производство на топлинска енергија“.
„Во моментот кога ќе ги добиеме овие податоци, РКЕ ќе ја донесе одлуката за цената за производство на топлинска енергија“, рече Бислимоски.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека верува дека процената ќе ја добијат во текот на септември или најдоцна во октомври, по што РКЕ веднаш ќе пристапи кон определување на цените.
На прес – конференцијата Бислимоски посочи дека имајчи во предвид дека „ЕСМ производство на топлинска енергија“ е прва во синџирот за определување на цените за топлинска енергија, продолжена е одлуката и за дистрибуција на топлинска енергија и за снабдување на топлинска енергија.
„Ова се значи три одлуки меѓусебно поврзани кои што се однесуваат на најголемиот систем во Скопје преку кој што се снабдуваат речиси 60 илјади потрошувачи“, рече Бислимоски.
Тој додаде дека имајќи во предвид дека има и потрошувачи снабдувани од ЕСМ подружница енергетика, и потрошувачи снабдувани од Скопје Север, со цел да има ист третман за сите потрошувачи во Градот Скопје, РКЕ исто така донесе одлука со која што цените и за потрошувачите од ЕСМ енергетика, и за потрошувачите снабдувани од Скопје Север, нема никаква промена на цената.
„Ова не е прв пат РКЕ да не носи одлука во јули, тоа го направивме и во 2023 година кога бевме соочени со проблемите на цевководот кај мостот Беласица“, рече Бислимоски.
Тој нагласи дека во оној момент кога ќе ги добијат податоците, односно процената на основните средства, РКЕ ќе пристапи кон носење одлуки за топлинска енергија за сите претпријатија кои што вршат регулирани дејности поврзани со топлинската енергија во Скопје.
Во однос на цените на природниот гас, тој рече дека тие прилично осцилирале, зависно од периодот кога ги анализирале барањата за цените. Така имало промени на терминските договори (фјучерсите) за 2026 година, а исто така и за последниот квартал од 2025 година.
„Имаше невообичаено големи промени кои што одеа плус 5 евра за мегаватчас, па ќе се намалат, но во принцип во најголем дел се едно до две евра пониски од оние кога беше донесена одлуката во јануари“, рече Бислимоски.