Цената на нафтата на светските берзи повторно во пораст

Ново зголемување на цената на нафтата на светските берзи откако беше проценето дека производството на ОПЕК не е доволно да ги покрие потребите на целиот свет, а Саудиска Арабија ја зголеми цената.

Нафтата „брент“ доби нова цена. Таа сега изнесува 120,63 долари за барел, додека фјучерсите на американската „ВТИ“ нафта се зголемија на 119,80 долари за барел.

Оваа цена за јуни е највисока досега од минатиот месец, кога цените достигнаа рекордно ниво поради загриженоста за прекин во снабдувањето од Русија поради санкциите.