Цената на нафтата највисока во последните 3 недели

Од утринава повторно има зголемување на цените на нафтата на речиси тринеделни максимални нивоа, бидејќи расте стравот од тесната глобална понуда, со продлабочувањето на кризата во Украина што ги зголеми шансите за построги санкции од Западот кон најголемиот извозник Русија.

Фјучерсите на брент рано утринава поскапеа за 1,09 долари, или 1,0%, на 112,79 долари за барел, откако претходно на седницата го достигнаа највисокото ниво од 30 март од 113,80 долари.

Фјучерсите на американскиот Вест Тексас Интермидиејт се зголемија за 1,00 долари, или 0,9%, на 107,95 долари за барел, поскапувајќи до 108,55 долари, што е највисоко од 30 март.

Пред Велигденските празници, двата договори се зголемија за повеќе од 2,5% во четвртокот поради веста дека Европската унија може постепено да го забрани увозот на руска нафта.

Владите на ЕУ минатата недела рекоа дека извршната власт на блокот подготвувала предлози за забрана на руската сурова нафта, но дипломатите рекоа дека Германија активно не поддржува итно ембарго.