Цената на нафтата достигна до 120 долари за барел
Од синоќа европската нафта достигна цена од 120,2 долари за барел. Цената на Брент, која е референтна вредност на светскиот пазар на нафта, минатата недела затвори со добивка од 6,0 отсто, на највисоко ниво во последните два месеци, пренесува „Блумберг“.
Американската нафта WTI исто така зајакна и се тргува за 115,8 долари за барел, според најновите достапни податоци.
Властите во Шангај им дозволија на сите производители да продолжат со работа од јуни, а владините претставници рекоа дека епидемијата на коронавирус во Пекинг е ставена под контрола.
Покачувањето на цените на нафатата го поддржаа и најавите дека министрите на земјите членки на ЕУ, кои во неделата не успеаја да се договорат за ревидиран пакет санкции што ќе вклучува забрана за руската нафта.
За нафтата „брент“, мај е шестиот месец што ќе заврши со подем, што е најдолг циклус на раст на нејзината цена во повеќе од 10 години. За тоа придонесоа последиците од руско-украинската војна, како и зголемената побарувачка поради укинувањето на кинеската блокада.
Скокот на цените се должи и на огромната побарувачка на гориво во САД.