Цената на златото порасна на светскиот пазар, повеќе од 1.800 долари за унца

Цената на златото се искачи над 1.800 долари за унца бидејќи Кина укина повеќе мерки за контрола на Ковид-19, зголемувајќи го притисокот врз доларот, кој го продолжува својот надолен тренд во однос на водечките ривали.

Златото на самото место зајакна за 0,5 отсто на 1.807,60 долари за унца на денешното тргување до 16:23 часот по шангајско време, пренесува „Блумберг“.

Во пораст се и цените на среброто, паладиумот и платината, додава њујоршката агенција без да прецизира конкретни податоци.