„Цел живот ќе те чекам, сега ќе му пресудам“ – му викал таткото на еден од убиените на Урош Блажиќ во судница

Судењето на Урош Блажиќ, обвинет за масовно убиство во две села во близина на Белград минатиот мај, влегува во вториот ден.

Исказ денеска даваа оштетените во оваа постапка.

Дваесет и едногодишниот Блажиќ, кој на 4 мај минатата година во селата Дубона и Мало Орашје, во областа на белградската општина Младеновац, уби девет лица, а рани 14 други со истрели од автоматско оружје и пиштол, вчера целосно ја призна вината пред Специјалниот суд во Белград, велејќи дека ги разбира сите наводи во обвинението.

Семејствата на жртвите пристигнаа пред судот, повторно облечени во црни маици со натпис „живеете“. Тажните и очајни родители молчејќи влегоа во судницата, пишува „Блиц“.

Во судницата најгласен беше таткото на убиениот Александар Миловановиќ, кој имаше само 17 години, кој рече дека неговиот син не бил во конфликт со обвинетиот, додека сега ситуацијата е поинаква.

„Ќе го чекам цел живот. Од една страна би сакал да го осудите на доживотен затвор, но од друга страна како татко се заколнав на одмазда. Нека си оди сега“, рече Мирољуб Миловановиќ обраќајќи им се на Блажиќ и на неговиот татко.

„Се приклучувам на кривичното гонење, правам имотно-правно побарување и барам по 100.000 евра за секој член на семејството“, додаде тој.

На судењето била присутна и мајката на убиениот Александар, но не можела да сведочи.

Оштетениот Милан Пешиќ се приклучил кон кривичното гонење и имотно-правното барање.

Блажиќ и претходно ја призна вината на прелиминарното рочиште на 26 јули, кое беше затворено за јавноста, наведувајќи дека не знае што го навело на вакво кривично дело, како што тогаш пишуваа белградските медиуми.

Радиша – таткото на Урош Блажиќ, , кој исто така беше обвинет за недозволено поседување оружје, муниција и експлозиви, ја негираше вината тврдејќи дека не знаел од каде го набавил неговиот син оружјето што било употребено во масакрот.

Со оглед на тоа дека Урош Блажиќ во моментот на делото немал 21 година, максималната казна на која може да биде осуден е 20 години затвор.